23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Поскапуваат горивата – РКЕ излезе со соопштение

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,62 %  во однос на Одлуката од 25.05.2021 година.

Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.

Од 1.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           67,50   (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            69,50   (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      60,00   (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             59,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      33,881  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,853 %, дизелот за 1,775 %  и екстра лесното масло за 1,822 %  и  кај мазутот зголемувањето е за 1,395 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,262%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.6.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.