13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претоварени автобуси од Гостивар патувале кон Охрид

Полицијата утрово откри два претоварени автобуса на туристичка агенција од Гостивар, кои се движеле кон Охрид.

Според информациите на МВР, утрово, 8.10 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Другово, полициски службеници извршиле контрола во два автобуса на туристичка агенција од Гостивар, управувани од Б. М. (63) и И. И. (51).

При контролата било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75 % исполнетост на капацитетот на возилата, кои вршат јавен превоз на патници, односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Паника поради падот од 130.000 гласа

ДЕСК

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

ДЕСК

Повеќемина повредени во тешка сообраќајка кај Меџитлија, откако форд излетал од патот

ДЕСК