Centar.mk
БИЗНИС

Бачовски: Исплатени субвенциите за тутунопроизводителите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на 28.168 субјекти исплати речиси 1,7 милијарда денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на сите производители што правно законски ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка според оваа мерка.

„Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители што произведениот тутун го предале во регистриралните откупни центри: Тутунски комбинат – Прилеп, ‘Алијанс’, ‘Сокотаб’, ‘Пашоски’, ‘Секе’, ‘Орбита табак’, ‘Кавекс Балкан’, ‘Мисиријан и Бако’“, посочи Бачовски.

Висината на директните плаќања изнесува 80 денари за килограм прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколтата 2020 година.

Во соопштението се посочува дека Владата заедно со надлежните институции, и покрај пандемијата, заедно со оваа исплата од почетокот на годината на сметките на земјоделците исплати речиси 3,5 милјарди денари за субвенции според повеќе мерки.

Можеби ќе ве интересира

КИНА ЈА ЗГОЛЕМУВА ДЕВИЗНАТА РЕЗЕРВА – Новото барање за банките ќе важи од 15 ноември

ДЕСК

АРАМКО СО ПОВИСОКА ПРИЛАГОДЕНА ДОБИВКА – Во третиот квартал достигна 31,2 милијарди долари

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА ИСПЛАТА НА ШАЛТЕР – Околу 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка

ДЕСК