23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Пред фактите и боговите молчат, ако судот има аргументи јас можам да не се согласам со одлуката за Рашковски, но ќе мора да ја почитувам

„Отворениот случај против Драги Рашковски не значи дека тој е виновен. Ќе биде виновен кога тоа ќе се потврди со правосилна судска пресуда. И денес тврдам дека не ја злоупотребил функцијата и има спроведено кристално чисти јавни набавки“ изјави премиерот Зоран Заев во неговото интервју за „Фокус“.

„Јас не мора да се согласам со обвинителката Русковска и со она што таа го тврди. Сум имал спротивни ставови и околу притворите за Миле Јанакиевски и за Гордана Јанкуловска, кога кажав дека притворот не смее да биде казна, туку само обезбедување на присуство. Секој што се огрешил од законот, треба да одговара. Но, што е различно со оваа власт? Законот важи за сите и никој не е заштитен или изземен од законот, без оглед дали станува збор за бившиот генерален секретар на Владата, што важи за еден од моите најблиски соработници. Тоа порано не можеше ниту на сон да се замисли“ додаде Заев.

Запрашан за тоа дали верува на Обвинителството и на обвинителката Рускоска, премиерот одговори дека апсолутно не им верува во случајот со Рашковски, но додаде дека доколку судот го прогласи за виновен ќе ја почитува одлуката.

„Пред фактите и Боговите молчат. Ако победи аргументацијата на обвинителство и на судот, јас можам да не се согласувам, но ќе морам да се поклонам и да ја испочитувам“ рече Заев.