Српските туристи Од Табановце преку автопатот Скопје – Велес ќе може да ги искористат поволностите без да платат патарина и да летуваат во Охрид, Преспа или Дојран, или пак доколку сакаат да продолжат кон Грција.
Не се точни информациите кои се појавија на социјалните мрежи дека патарина нема да се плаќа само доколку туристите од Србија одат кон Грција.
Преку автопатот кој е дел од коридорот 10 може да се стигне буквално до секоја точка од туристичките места низ Македонија
Пример доколку српските туристи сакаат да одат во Преспа и Охрид после патарината која води кон Градско вртат на патот кон Росоман, па Плетвар, преку магистралниот пат Прилеп – Битола стигнуваат кон Преспа или Охрид што е и помалку километри за да стигнат до Преспа.
Засега нема информации дали користењето на М-кард картиците ќе може да биде реализирано на автопатот Гостивар – Кичево, но сепак српските туристи до Преспа или Дојран би стигнале побрзо доколку го користат автопатот Скопје-Велес, а ќе возат 30-тина километри повеќе доколку сакаат да стигнат во Охрид.
Притоа српските туристи можат да наминат без да платат патарини и во Берово или Крушево на пример.
Владата на вчерашната седница донесе одлука да се изработат 200.000 електронски картички за плаќање патарина за српските туристи и тие ќе им бидат давани на влез во Македонија на Табановце. На електронските картички ќе има 760 денари, колку што чинат патарините во два правци на автопатот од Табановце до Богородица.
Ваквата одлука на Владата беше поради благодарност за донираните вакцини од Србија во изминатиот период.