23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби: Азбуката, јазикот, културата и етничката припадност не можат да се спорат со политички договори и спорови

Јазикот и идентитетот не може да се спорат со политички спорови и договори, вели првиот вицепремиер Артан Груби кој им го честита на граѓаните 24 мај – Денот на Свети Кирил и Методиј.

Додава дека се соочуваме со предизвици кои како држава мора да ги надминеме и да го откочиме патот кон европската иднина.

„Азбуката, јазикот, културата и етничката припадност се вредности што не можат да се спорат со политички договори или спорови, како за луѓето воопшто но и за државата како целина, a за тоа најдобро сведочи историјата. Нашата работа посветена на остварување на европскиот сон треба да биде ценета и наградена и да не биде заложник од архаични методи на блокирање, од пред два века. Европа е континент на разновидност и почитување на разликите и Унијата мора да се консолидира како фактор на донесување одлуки и лидер во почитување и интеграција на континенталната целина и правото на самоопределување. Денес, славиме заедно и ништо не го спречува оваа заедничко обележување, исто како што ништо не треба да го спречува отворањето на преговорите за членство во Европската унија“, наведува тој.