Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време.
Од ноќеска ќе започне и слаб до умерен повремен дожд кој претежно ќе завршува во ноќта кон петок. Ќе дува умерен до засилен најпрвин западен ветер, а во петок ќе дува засилен северен ветер (и над 70 км/ч).
За време на викендот ќе биде претежно сончево и топло со послаб јужен ветер.