22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби: Македонија е моја татковина, бесмислени се барањата на Бугарија

„Сите ќе се залагаме за нашата заедничка држава. Денес велам пред вас дека Македонија е моја татковина и со сите министри во Владата, спикерот и сите функционери ќе се залагаме за земјава“, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за емисијата „Само интервју“.

Според него, се создава впечаток дека ЕУ без поддршката на САД не може да ги реализира своите ветувања и да ја внесе земјава во европското семејство.

„Немаме што повеќе да дадеме за членство во ЕУ. Сметам дека е потребна поактивна и поприсутна улога на американската администрација и Америка на Западен Балкан“, потенцира Груби и додава дека е „бесмислено Бугарија да бара од Македонците до 1945 година да бидат едно, а после тоа да бара да бидат нешто друго“.