Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција Мицотакис, напиша на ФБ премиерот Зоран Заев по средбата со грчкиот колега, Мицотакис во Атина..
„Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 март 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела”, соопшти премиерот.