Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Официјални информации во врска со синоќешното убиство во Скопје

На 12.05.2021 околу 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7“, со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П.(24) од Скопје и сопатникот К.И.(43) од Скопје, неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото.

К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК