Основното јавно обвинителство Скопје издаде глоби од по 2.000 евра против седум лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.
„Спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Имено, за време на определената забрана за движење на населението, тие се движеле на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа“, соопшти обвинителството.
Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.