Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца обвинети за насилство во гостиварско Сенокос​

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против три лица за извршено насилство. Според информациите, тие без причина претепале едно лице и со нож му нанеле убодна рана.

„Обвинетите на 3 јануари, во селото Сенокос, како соизвршители во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. Откако оштетениот го оставил својот автомобил пред салон за миење возила, од блиското кафуле излегол еден од обвинетите и без причина го нападнал со нож, нанесувајќи му една убодна рана во рамото. Веднаш потоа од кафетеријата излегле и другите двајца обвинети, кои започнале да го удираат со тупаници, клоци и дрвени палки по целото тело. Оштетениот бил префрлен во гостиварската болница, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти обвинителството.​

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Напад во Бутел: Му го попречиле патот, па физички го нападнале

ДЕСК

Драма во Скопје: Жена нападната откако одбила да даде пари

ДЕСК