2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Почина скопјанец кој со тешки повреди беше донесен во клиниката Мајка Тереза

На 06.05.2021 во 18.56 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 18.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Х.Х.(57) од Скопје, кој во 18.30 часот починал.

Полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле разговор со Т.М.(24) од Горно Свиларе, кој заедно со Х.Х. бил донесен во болницата со тешки телесни повреди. Тој изјавил дека околу 17.30 часот, додека извршувале работни задачи во приватна фирма, тој и Х.Х. се здобиле со повреди.

За настанот биле известени Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК