Притворен 24-годишен скопјанец, кој се обидел да убие две лица во викендичка во Кочанско. Тој е обвинет и за нелегално поседување оружје.
„Осомничениот, на 26 април 2021 година, околу 15.30 часот, во с. Пантелеј, Кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување, се обидел да лиши од живот две лица. По кусата расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот зел огнено оружје – пушка ‘ловен карабин’, која неовластено ја поседувал, и се упатил кон оштетениот. Кога бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се скриле во викендичката на оштетената. Осомничениот тогаш од непосредна близина пукал во дрвената врата на викедичката на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Во насока на обезбедување непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.