25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Левицата поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците

Пратениците на Левицата, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес, до собранискиот спикер поднесоа предлог-закон за изменување на Законот за пратениците во делот на патните трошоци.

„Со овој закон Левицата предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20 на 5 % од продажната цена на литар гориво за изминат километар). Ова практично значи дека патните трошоци ќе бидат сведени на реалната цена на чинење патен билет во меѓуградски превоз“, велат од партијата.

Од таму појаснуваат дека овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан, која во изминатите неколку месеци ја спроведе нивниот правен тим, а од која, како што велат, само им се потврдил ноторниот факт дека Република Македонија за еден мандатен период на Собранието е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците.