Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поведена постапка за кражба во Гостивар

Против 43-годишна жителка на Гостивар, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

На 11 јануари, обвинетата застанала во ред за банкомат зад една оштетена која повлекувала пари. При обидот да повлече пари клиентката, банкоматот задоцнил, па сумата од 15.000 денари ја исфрлил со задоцнување. За тоа време оштетената се оддалечила, а обвинетата веднаш зад неа ги зела парите и наместо да пријави, си заминала. Со ова на оштетената и била нанесена штета од 15.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мора да кажеме НЕ, време е да се крене гласот на народот!

ДЕСК

Нарушен јавниот ред и мир во Радовиш по тепачка

ДЕСК

Филипче до граѓаните: Следи мобилизација, помогнете да ја зачуваме нашата татковина, безбедноста и иднината на Македонија!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.