23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
МАКЕДОНИЈА

Полициски службеници од ОВР Берово во содејство со шумска полиција одзедоа околу 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва

На 21.04.2021 околу 23.00 часот, по преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово, во дворот од куќа на ул.„Маршал Тито“ во Берово, сопственост на М.П., биле пронајдени околу 17 метри кубни огревни дрва.

Денеска (22.04.2021) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово, во с.Двориште, на место викано „Буково“, во приколка биле пронајдени бесправно исечени 18 метри кубни борови дрва.

На друга локација во с.Двориште биле пронајдени 15 метри кубни букови огревни дрва. Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата биле предадени на шумска полиција.

По насоки од Основното јавно обвинителство Берово увид на местата извршиле екипи од ОВР Берово, а сите пронајдени дрва биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По комплетно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.