Centar.mk, како еден од најпрофесионалните и најугледните македонски онлајн медиуми слави 10 години постоење.
Основан е на 20. април 2011-та година, во период кога не беше лесно да се основа критички медиум со модерни слободарски сфаќања, а во 2018-та беше ребрендиран, заедно со сите свои сервиси во унифициран бренд под името CENTAR.MK.
Денес Centar.mk може да се пофали дека е еден од најчитаните македонски портали за вести. Centar.mk на социјалната мрежа Фејсбук има над 136.000 фоловери, каде секојдневно се споделуваат најбрзите и најточните вести. Вестите на Centar.mk може да се следат и на Time, Grid, Upday и многу други професионални агрегатори. Centar.mk е членка на Promedia, односно Советот за етика (СЕММ) и потписник на етичкиот кодекс на IAB.
Немаше да бидеме она што сме, без нашите вработени, соработници, поддржувачи за трудот кој го вложија во изминатите десет години, од самиот почеток до денес.
Имаше и подеми и падови, некогаш беше многу тешко да се биде медиум, поминавме низ разни премрежија и невремиња, што не’ направи посилни од кога и да е.
Особена благодарност до компаниите кои во изминатите години одлучија своите реклами да ги публицираат преку Centar.mk.
Почитувани читатели и Вам, што секојдневно сте со нас и ги следите најновите вести, Ви благодариме на довербата.
Продолжуваме моќно, напред!
Ваш, Centar.mk