15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од утре поројни дождови, грмежи, некаде и снег – Кога да очекуваме стабилизација?

Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2).

На планините на северозапад ќе врне снег. Во вторник се уште ќе има врнежи од дожд, но ќе бидат полокализирани.

Кон средината на неделата ќе има преодна стабилизација со пораст на дневната температура, а нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната седмица.

Прогноза за 20.04.2021
Минимална температура: 3°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 19°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои понекаде краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.

Прогноза за 21.04.2021
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 21°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 22.04.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК