Утре на 18.4.2021 година, во 14.00 часот, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери закажа продолжение на 32-ра седница, a по завршување на 32-ра седница ќе продолжи со 36-та седница.
Според информацитее се очекува мнозинството да ги донесе мерките за помош на бизнис секторот за плати за изминатите месеци, и покрај кочниците од приврзаниците на Христијан Мицкоски во парламентот.
Илјадници граѓани останаа без плати поради тоа што тројца пратеници од мнозинството поради коронавирус не можеа да присуствуваат на седницата, а некои пратеници од опозициската партија влегуваа во парламентот само кога им беа читани имињата за патни трошоци, но веднаш потоа ја напуштаа салата.