23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возен парк подобар и од моќни бизнисмени – “Синдикалска мука је велика”

Јавноста остана зачудена од возниот парк кој го имаа “демонстрантите” на синдикалните протести.

– “Синдикалска мука је велика”, напишаа од сатиричната фан страна на Фејсбук – “Сеир”, споделувајќи фотографии од еден од протестите деновиве.

Сето ова се случува кога државите се соочуваат со најголемата економска криза и водат борба со пандемијата од коронавирусот кој го завладеа Светот. Владата на Македонија, секој месец на сите погодени сектори за секој вработен дава поддршка на средства во износ од минимална плата. Овие средства не следуваат само на компании кои се во добивка за време на коронавирусот.

Да потсетиме дека минималната плата од 2017 до сега е зголемена од 9.000 на 15.500 денари месечно, што е буквално дуплирање во однос на она што се случуваше за време на режимот кога невработеноста уриваше рекорди, а синдикатите беа под уцена и закана од режимот.