Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Струмичанка украла торба со девизи и ја закопала во дворот

44-годишна струмичанка се сомничи за кражба откога од жител во село Старо Коњарево одзела чанта со пари во разни валути, информира МВР.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава против З. Г. (44) од с. Старо Коњарево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба, известува Министерството за внатрешни работи.

На 29.3.2021 пријавената отишла во куќата на Л. А. во с. Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во разни валути.

На 7.4.2021 полициски службеници ги пронашле парите што потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З. Г., кои, по овластување на јавен обвинител, му биле вратени на оштетениот.

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.