25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Експаретничката Николовска се прости од својот сопруг: Мојата единствена љубов, не е веќе меѓу нас

Од последици од Ковид-19 вчера почина Тони Николовски, посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа.

Николовски кој е сопруг на поранешната пратеничка на СДСМ и советничка на премиерот Заев, Ленче Николовска важеше за колегијална и професионална личност.

Со емотивна порака посветена за него на Фејсбук се збогуваше и Николовска.

„Мојата потпора во животот, мојата единствена љубов, не е веќе меѓу нас… Тончи, срцка, ти благодарам за сета добрина и умешност со која го создаде нашиот свет

Почитувани пријатели, роднини, колеги… ви благодарам на сите што сте со мене во овие тешки денови“, напиша таа на Фејсбук.