На 07.04.2021 во 13.30 часот на граничен премин „Меѓународен аеродром-Скопје“ биле приведени А.Е.(25) и Б.Е.(26), двајцата од Швајцарија, кои поседувале и македонски патни исправи, затоа што при гранична контрола било констатирано дека се наоѓаат во системот за задолжителна самоизолација и поседувале невалидни негативни ПЦР тестови.
Двајцата биле предадени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.