26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Санкционирани 152 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19, седум за возење без возачка дозвола, шест за некористење сигурносен појас.

Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 62 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.