Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ во Анкара на средба со турскиот министер за правда Ѓул

Министерот за правда Бојан Маричиќ за време на работната посета на Анкара се сретна со својот турски колега Абдулхамит Ѓул.

На состанокот, како што информираат од неговиот кабинет, се разговарало за продлабочување на соработката во секторот правда, со фокус на дигитализацијата.

Маричиќ на Ѓул му го претставил планот за дигитализација на над 100 судови во земјата и пренел дека искуствата кои ги има Турција во процесот на воведување на информатичка технологија во правосудството се од исклучително значење за нас.

Во однос на размената на искуствата со Турција за дигитализацијата на судовите, за време на посетата делегацијата на Министерството за правда предводена од Маричиќ ќе ја посети и Академијата за правосудство на Турција и Генералниот директорат за информатичка технологија, најавуваат од Министерството за правда.

Маричиќ на Ѓул му ги претставил реформите кои се преземаат со цел зајакнување на правната држава и длабоките реформи кои се спроведуваат во правосудството, а биле потврдени и традиционално добрите односи меѓу двете држави и двата народа.

Можеби ќе ве интересира

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

ДЕСК