Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработен во пошта украл пратка од странство со банкарска картичка и пин

Вработен во подружница на Пошта во Гостивар украл пратка од Србија во која имало банкарска картичка и пин и вадел пари од картичката.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против едно лице за злоупотреба на службената положба и овластување.

„Обвинетиот 55-годишник од село Долна Бањица, во периодот од ноември до декември 2019 година, во својство на службено лице, картист-насочувач, во Подружница ЦРПС Гостивар, присвоил поштенска пратка од Република Србија наменета за лице од село Добридол, во која имало банкарска картичка и пин број со која оштетениот требало да ја подигне пензијата“, соопшти обвинителството.

Од таму додаваат дека обвинетиот неколкупати ја употребил картичката и од банкомат подигнал 15.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК