Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕУ одобри помош од четири милијарди евра за „Ер Франс“

Европската комисија денеска одобри помош од четири милијарди евра за „Ер Франс“ за докапитализација на авиокомпанијата, која е во криза поради пандемијата.

За возврат на таа помош „Ер Франс“ се обврза да отстапи слотови на пребукираниот аеродром во „Орли“ во Париз.

„Ова ќе им даде можност на конкурентските превозници да ги прошират своите активности на овој аеродром“, изјави европскиот комесар за конкуренција, Маргрет Вестагер.

Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека вкупно 18 слотови, односно термини за слетување и полетување, се дадени на други компании.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК