Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека сега клиничка слика на вирусот е поинаква.
Па така лекувањето трае повеќе подолго, и ако порано се сметало дека 13-14 ден од лекувањето вирусот поминува, сега тогаш се влошува ситуацијата. Филипче соопшти дека сега се појавуваат пациенти и со влошена крвна слика и бели дробови.
– Имаме една клиничка слика на болеста, која што е многу различна од претходната. Прво хоспитализацијата трае подолго, понатаму за разлика од првиот бран кога веќе 14-тиот ден на лекувањето пациентот во најголем број случаи се сметаше дека е излечен, сега имаме карактеристични и кај помлади пациенти, влошување во 12-13,14 тиот ден од лекувањето во некој начин на форма која што ретко се гледа со драстично влошување на белите дробови, крвта, која што многу често завршува со лош исход и покрај сите вообичаени третмани на лекување и терапевтски пристап.