11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го поткопува здравствениот систем

Од почетокот на пандемијата па до денес граѓаните сведочат за деструктивниот и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека наместо да понудат макар симболична помош и поддршка за здравствените работници, цела година ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува борбата против пандемијата со што работи на директна штета на здравјето на граѓаните.

„Колку се грижат за здравјето на граѓаните, покажува тоа што организираат масовни собири на кои воопшто не се почитуваат мерките за заштита. ВМРО-ДПМНЕ не само што не се грижи за јавното здравје, за напорната работа на здравствените работници, за сите кои се на првата линија против Ковид-19, туку оваа партија предводена од Мицкоски бесрамно се обидува политички да профитира од несреќата на илјадници семејства на заболени и починати од коронавирусот“, велат од СДСМ.

Од таму напоменуваат дека граѓаните ја препознаваат оваа морбидност и нечовечност од опозициската партија и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одново ќе бидат поразени.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +
error: Соддржината е заштитена.