„Ние успеавме да ги исплатиме сите прекувремени работни часови на сите полицајци, на оние кои имаат над 150 работни часа во текот на еден месец. Исплативме и за 2017 година, за 2018-та, за 2019-та и сега за 2020 година мораме до јуни да ги исплатиме. Токму по оваа основа, кога МВР не плаќало имавме голем број на тужби и МВР трошеше огромни средства да ги плати и прекувремените, но и судските трошоци и камати и сето тоа беше финансиски товар за полицијата.“- коментираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Стадион“ на Канал 77.