25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Сум се сликал и со најголемиот криминалец Груевски, ама тоа не е вест, исто како што не е дека имаме приведено 400 криминалци од потерници

„Во последните месеци имаме спречено четири меѓународни канали за шверц на дрога. Имаме приведено многу лица учесници во дистрибуцијата и продажбата на дрогата. Таа акција во Скопје, во Грчец, комплетно ја водеше Јавното обвинителство, од организација до спроведување. За фотографиите кои се појавија дека сум се фотографирал со некои криминалци, па јас имам слики и со Груевски и со други од ВМРО ДПМНЕ, па има ли поголеми криминалци од нив? Зошто за тие фотографии никој не објавува и не прашува. Сега седам со вас (кон водителот) и ако утре вас ве уапси полицијата дали ќе ме прашаат зошто сум седел со новинар? Да не ја префрламе топката кој е одговорен, се знае кој какви наделжности има.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисјата „Стадион“ на Канал 77.

Дополни дека во последната година до две полицијата има откриено преку 400 лица од потерниците на МВР, сторители на кривични дела, а со години не се презеле никакви мерки против нив. И сега тоа не е вест, дека МВР има 400 приведени криминалци, ама е вест е дека минситерот некогаш се фотографирал со некого.