Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Законски ќе забраниме полицајците да бидат партиски членови

„Во однос на Ветингот можам да кажам дека е целосно спроведен во Агенцијата за национална безбедност. Процесот продолжува во Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, имаме направено низа на законски измени кои ќе бидат во владина и собраниска процедура, пред се деполитизацијата на полицијата, припадниците нема да можат да членуваат во партии и нема да бидат во раководните тела на партиите. Ние ја зајакнавме внатрешната контрола со уште еден елемент, тоа е формирање на посебен оддел кај Народниот правобранител за да ги проверува случаите со прекумерно постапување на полицајците, а исто така има посебен сектор во Обвинителството за организиран криминал, кој исто така може да истражува случаи со полициско излегување од овластувањата. Сето тоа преставува надворешна контрола врз работата на полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК

Започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

ДЕСК