Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден спровела акциски контроли на територијата на скопски Сарај.
Како што информираат од МВР, притоа изречени се вкупно 75 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за користење мобилен телефон.
Изречени се и осум мерки за некористење сигурносен појас, седум за минување на црвено светло, шест за непрописно престројување…
Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.