13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за обид за тешка кражба против косовски државјанин

Против триесет и пет годишен државјанин на Република Косово, скопското јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог за кривично дело –Тешка кражба казниво по Кривичниот законик.

На 28 март, обвинетиот насилно го откорнал прозорецот од задната страна и влегол во куќа на улицата „Анте Хаџи Митков“, па од подрумските простории се обидел да одземе предмети, обувки вредни 12.000 денари.

Притоа полициски службеници го забележале и го спречиле во намерата.

Поради опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка, информираат надлежните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +