Полицијата за еден ден казни 163 возачи од Скопје, од кои 51 за брзо возење, а 27 за некористење сигурносен појас.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.3.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Во Скопје се изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51, 17 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 27 за некористење сигурносен појас и 39 санкции за непрописно паркирани возила.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.