8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стево Пендаровски ги повика приватните болници да се отажат од профитот и да помогнат на болните од ковид

Претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на советот за безбедност изјави дека прекини во процесот на вакцинација не смее да има до целосна имунизација.

Министерот за здравство, Венко Филипче му ветил дека досега ниту еден болен не бил и нема да биде оставен беа да му се пружи помош.

„Тоа што се случуваше во Србија, тие слики, тоа е срам“, рече Пендаровски и се заблагодари на северниот сосед.

Повика приватните здравствените установи да се откажат од прифитот и да помогнат на болните од ковид.

„Во време на колективни страдања не треба семејните трагедии да ги користиме за личен профит и делење дивиденди“, вели претседателот.

Ги повика политичарите да дадат пример со почитување на мерките. Очекува дека утре премиерот Зоран Заев со Алијанса и Алтернатива ќе постигне договор, затоа што не може Собранието да биде блокирано поради еден предлог на опозицијата. Доколку имунизацијата не оди како што треба, рече дека идните денови јавно ќе ги посочи и дека не смеат да ги разочараат граѓаните. Најави дека и политичарите ќе се пријават и јавно ќе се вакцинираат.

Вели дека поминуваме низ најсилната фаза од пандемијата и здравствените капацитети се оптоварени до максимум.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.