Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лефков: Филипче ја крие листата на вакцинирани

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш декласификација на вакцинираните лица. Од партијата велат дека се сомневаат оти има вакцинирани преку ред.

„ Министерот Филипче продолжува да фрла сомнеж дека има вакцинирани преку ред. Доколку Филипче продолжи да бега и не ја објавува листата на вакцинирани само ќе се потврдат тезите објавени во медиумите дека одредени владини функционери се вакцинирани преку ред. Филипче ја крие листата на вакцинирани. Кого штити Филипче? Кого крие Филипче? Дали постојат уште случаи како тој со вакцинацијата на секретарот на болницата во Струга, па Филипче ги крие или пак вакцинирани се високи владини функционери или нивни фамилии? “ праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој додаде дека со секој поминат ден без да ги објави податоците Филипче фрла сомнеж дека има вакцинација преку ред.

„ Со молчењето Филипче само за кратко ја штити својата фотеља, но ја загрозува цела Македонија“ порача Лефков.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +