Македонскиот актер Љуран Ахмети почина од коронавирусот.
46-годишниот актер, кој е син на познатиот писател и публицист Џабир Ахмети, освен во многуте театарски претстави, филмови и кратки филмови, во изминатите години глумеше и во некои од најпознатите серии во Турција. Во 1998 година Ахмети имаше забележителна улога во европскиот филм „Куклена претстава“.
„Со длабоко жалење ја споделуваме веста дека почина еден од најталентираните актери на сцената на Албанскиот театар и светската филмска сцена. Ќе остане огромна и неисполнета празнина во културниот живот во земјата. Почивај во мир Луран! Сочувство до семејството, колегите и сите љубители на уметностa!“, напиша на Фејсбук министерката за култура, Ирена Стефоска.
Во изминатите неколку години тој беше најпрепознатлив како еден од ликовите во многу популарни турски серии, во некои од кои можеше да го гледа и македонската публика. Љуран Ахмети зад себе ги остави сопругата и ќерката, сестрата и родителите.