24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче:Одговорно тврдам дека не се вакцинирани владини функционери, ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести и манипулации за политички поени

Министерот за здравство д-р Венко Филипче вечерва во Собранието одговарајќи на прашање на паретник од партијата ВМРО ДПМНЕ, ги отфрли обвинувањата дека владини функционери преку ред се вакцинирале против Ковид 19. Филипче посочи дека вакцинацијата во земјата се води исклучиво според Националната стратегија за имунизација и никој не го злоупотребил процесот.

– Националната стратегија за имунизација е правена врз основа на светски критериуми, консултирани се меѓународни организации, СЗО, други развиени европски земји и можам да ви кажам дека сме една од ретките земји во која целосно се вакцинирани здравствените работници коишто работат со ковид пациeнти пожртвувано 24 часа на ден, цела измината година посебно сега кога цела Средна Европа е зафатена со многу силен бран со Ковид 19. Знам дека сакате да не успееме во нашата борба за да освоите некој евтин политички поен, меѓутоа ќе ве разочарам ние оваа борба ќе ја добиеме. Се што значи дозволен пристап на податоци на што самите граѓани ќе се сложат да ги отстапат, од нивното здравствено досије, дојдете и земете ги. Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден функцинер, ниту еден министер во владата, ниту еден директор. Списоците се регрутирани од страна на сите јавни здравствени установи во коишто се лекуваат или прегледуваат пацинети со ковид, понатаму болници, клиники, здравствени домови, приватни здравствени установи, приватни стоматолошки установи, матични лекари и тоа е единствениот начин на којшто луѓето се вакцинираа. Слободно дојдете, јас уште утре ќе проверам што е тоа што може да се даде како податок. Што се однесува до мене лично буквално сите податоци и списоци ќе ги добиете, доколку луѓето се согласат да ги дадат тие податоци. И уште еднаш ќе се покаже дека оваа лага ќе ви падне во вода. Дојдете да видите како се борат здравствените работници вистински лавовски – рече Филипче.

Министерот порача дека ВМРО ДПМНЕ од почетокот на пандемијата се обидува да го поткопа здравствениот систем со лажни вести и клевети.
-Уште еднаш го покажувате вашето вистинско лице, а тоа е дека само лажете клеветите и ширите лажни вести. И додека целиот свет се бори, и е во војна исто како нас, да стигне до вакцините, вие сте на спротивната страна. Ние се бориме и за вакцините, меѓутоа се бориме и против лажните вести коишто вие ги ширите. Вашиот претседател Христијан Мицкоски во еден статус, кажа дека е многу задоволен од третманот на Инфективната клиника, додека заткулисно ги поткопувате сите можни обиди да се зајакне здравствениот систем во оваа криза којашто го снајде целиот свет. Блокирате закони, да ве потсетам за блокирањето на Законот за задолжување заради што каснеа модуларните болници, опремата и сето тоа што значеше поддршка за целокупниот здравствен систем во изминатиот период. Да не го спомнувам и Законот за клинички центар, којшто го блокиравте со 2000 амандмани, се со цел да не дозволите натамошен развој на здравствениот систем во нашата земја – рече Филипче во Собранието.