Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за „Луксембургер Ворт“: Очекуваме Брисел да го поттикне одобрувањето на преговарачката рамка, прашањата од историјата не смеат да бидат пречка за европската иднина на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за луксембуршкиот портал и печатеното издание на „Луксембургер Ворт“, под наслов „На долгиот и бурен пат до ЕУ“, на прашањето во кое дел од одлуките на премиерот Заев се оценуваат како храбри и историски истакнува дека тие беа донесени за да се остварат големите стратешки цели на земјата – членството во НАТО и во ЕУ.

„Кога станува збор за исполнување на критериумите за почеток на преговорите, ние сме пример дека ги исполнивме. Фактот дека тоа не се случи предизвика кај сите нас во Северна Македонија непријатно чувство. Јас сепак останувам оптимист и убеден сум дека со Бугарија ќе најдеме решение до јуни оваа година. Исто така имаме непоколебливи очекувања дека Брисел ќе го поттикне решението на ова прашање и ќе докаже дека нема да дозволи прашањата од историјата да бидат пречка за интересот на ЕУ за проширување и за иднината на нашата земја“, истакнува премиерот Заев во интервјуто за „Луксембургер Ворт“.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови, тврди СДСМ

ДЕСК

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК