26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Даваме се од себе гласањето со отпечаток да се примени на локалните избори

Нема некој што е против гласањето на избори со отпечаток од прст, само не знам дали сите се еднакво уверени дека ќе стигнеме со сите чекори дотогаш. Затоа мислам дека треба да го тераме овој процес и да направиме проценка некаде во јуни месец дали реално ќе стигнеме, а во секој случај да го реализираме овој дел на законски измени, делот со набавката на софтвер и на опрема, делот на подготовка на системот. Но, мислам дека неопходно е да има пилот проект за да може да се стави во функција целиот систем, за да бидеме сигурни дека на денот на изборите нема да ни се случи 5 % или 10 % да не можат да го остварат своето гласачко право заради проблеми со системот. Значи нашата цел е да имаме добар систем на којшто сите ќе му веруваат и никој нема да го оспорува.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ во настапот на телевизија Алсат, во емисијата „360 степени“.

Посочи дека постои уште една спорна точка во преговорите, која лесно ќе се надмине, но загрижен е дали ДИК и институциите ќе бидат спремни до октомври, до локалните избори, за да се имплементира овој систем.

„Има една спорна точка која се уште не е расчистена, јас верувам дека идната недела ќе ја расчистиме. А тоа е, која ќе биде алтернативата за оние избирачки места каде што нема да можат да се употребат времено или цел ден на гласањето, машините за отпечаток од прст, дали да сопре гласањето, па да се повтори или да има алтернатива со прскање спреј, зборувам во случај ако дојде до проблем со опремата. Затоа, сите политички партии да бидат разумни, сите да сме одоговрни и да изградиме систем во кој сите ќе имаме доверба. Ако процениме заедно дека нема да стигнеме за локалните избори, тогаш тоа ќе го имаме од изборите после локалните, но имаме седум месеци за да видиме дали ќе успееме.“- рече Маричиќ.