26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат казни од полицијата во Скопје – изречени 160 мерки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки. За непочитување на брзина на движење санционирани се 21 возач, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, како и четири за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за управување под дејство на алкохол, една за минување на затворен сигнал (црвено светло), две за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување…