На 12.03.2021 во 18,30 часот од полициски службеници од СВР Тетово заедно со со инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово била извршена контрола во угостителски објект во Тетово, каде било утврдено дека во објектот имало организирано семејна веселба и имало присутни околу 40 лица. Лишен од слобода е И.Б.(38) од Тетово, управител на објектот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ на РСМ.
По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.