Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 12.03.2021 година во 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50km југозападно од Скопје.
Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.