Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на Одлуката од 1.3.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврденo со одлуката од 1.03.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 ден/кг и сега ќе изнесува 35,843 ден/кг.
Од 9.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 66,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 68,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 56,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,843 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.3.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.