24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Германскиот шмек на македонската политика

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА за Civilmedia.mk

Заев никако да ги симне чевлите со кои прави чекори од седум милји низ македонската политичка џунгла. ВМРО сѐ уште се тетерави по нокаутот, откако Заев самиот го постави на гласање прашањето за доверба на владата (преседан во меѓународни рамки). По неколкумесечните закани на Мицкоски дека е на чекор до парламентарно мнозинство, не само што се покажа дека такво нешто нема, туку опозицијата не смогна сили и храброст да крене ниту еден црвен картон во парламентот, па изгуби со 62:0 во краткиот политички јуриш на Заев. Скромно, без ликување, Заев ја прифати оваа политичка победа (уште една во долгата низа) и без двоумење фрли уште една бомба за да ја раздвижи македонската рововска политика. Ѝ даде германски шмек на македонската политика. Уште еден преседан!

ВЛАДА НА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО! Со тукушто потврден мандат на владата во парламентот, со повеќе од три години владеење пред него, Заев ширум ги отвори портите на својата влада за опозицијата. Се разбира, за тие со кои може да се разговара, при што, логично, го издвои Мицкоски и го дисквалификува. Тоа, би сакал да верувам, ја подразбира целата братија околу тронот во командната кула на партијата која во ниеден момент не се откажа од своето мрачно минато (и сегашност).

Зошто Заев би го направил ова? Кои се опасностите по демократијата и прогресот? Како една влада во која се наоѓа ВМРО, ќе се одрази врз суштинските реформи поврзани со правдата, образованието, интеграциските процеси и концептот „Едно општество за сите“?

Прво, тоа ќе биде процес. Низ тој процес, и на вмровците ќе им се укаже шансата да направат временски скок од 19-ти во 21-ви век, да се спасат и да станат вистински европска конзервативна партија, а не дувло на ултранационалисти, насилници со криминално досие и антизападни пропагандисти. Тоа секако ќе ги раздвижи и другите политички ровови, на двете страни од политичкиот фронт, бидејќи СЕКОЈА ПАРТИЈА ЌЕ МОРА ДА ГО ДАДЕ НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ за да учествува во влада на националното единство.

Целиот текст прочитајте го на следниот линк.