25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков се појавил во ЈО во 16 часот, а театарот пред камерите го прави во 16.40 часот

Коалицијата Заев – Мијалков сè повеќе излегува на виделина. А доказите се насекаде. Мијалков се појавил во Јавното обвинителство во 16 часот, а театарот пред камерите го прави во 16.40 часот, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат што правел Мијалков 40 минути и дали ЈО го пуштило да прави циркус пред камерите?

„Мијалков, наместо веднаш во куќен притвор, глумел изненаден и му правел на Заев простор за промоција. Дали Мијалков во ЈО е донесен со службен владин црн автомобил ‘фолксваген пасат’? И каде бил претходно? Две минути откога се снима Мијалков пред ЈО, Заев се јавува со фејсбук-објава, каде што се фали дека тој вршел притисок Мијалков да се предаде“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека режијата е премногу очигледна.

„Заев и Мијалков цело време се во комуникација. А да не беа ВМРО, народот и меѓународната заедница Мијалков сега ќе беше на слобода, бидејќи тоа беше планот на Заев, за да може да прават вештачка криза во ВМРО. Планот на Заев пропадна. Одговорност мора да има за сите, па и за Заев“, пишува во соопштението.