Регулаторната комисија за енергетика утре напладне, како и секој понеделник, ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,00 денар/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,50 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемија за 0,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/литар.
Останува да видиме дали ќе имаме уште едно поскапување.