24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мијалков под засилен надзор во затворот во Шутка

Од минатиот петок, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков го издржува 60 дневниот притвор во затворот Скопје во Шутка.

На Мијалков му е изречена првостепена пресуда за аферата „Таргет-Тврдина“ во која тој, за нелегалното прислушкување е осуден на единствена казна затвор од 12 години.

Како што пишува „Слободен печат“, поради здравствените причини тој е сам во затворската соба, но од затворот информираа дека се преземаат и засилени безбедносни мерки и дека дополнително се прават и чести контроли.

Пред да биде осуден, Мијалков го немаше скоро два дена, а по него беше распишана и меѓународна потерница.

Тој самиот се појави во Обвинителството и изјави дека бил изолиран поради симптоми на Ковид 19.